Н.У. Кинотека на РСМ, во чест на јубилејот „50 години Кинотека на Македонија“ кој што ќе се одбележи во 2024 година – има во план да изработи специјално јубилејно лого со логотип со текст) за употреба во текот на целата 2024 година. За таа цел и по тој повод, Директорот на Н.У. Кинотека на РСМ, распишува:

 

КОНКУРС

за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“

 

  1. Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија за идејно-графичкото решение на логото „50 години Кинотека“:
  • Предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од други авторства – освен од приложеното (веќе постоечко и актуелно) лого на Кинотеката.
  • Логото да може да се имплементира и самостојнo и како дел од графички распоред (layout).
  • Логото може, но не мора во себе да го содржи логотипот што Кинотеката го користи во сегашните претставувања.
  • „50 години Кинотека“ не е обврзувачки текст. Доколку понуденото решение содржи текст, истото мора да биде изведено во три јазични верзии (македонски, албански и англиски јазик).
  • Логото треба да содржи графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција.
  • Логото треба да се изработи во векторски формат, во боја (cmyk) и во црно-бела верзија.
  • Логото треба да има дефиниран избор на комбинација на бои;
  • Логото треба да има дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка.
  • Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на Кинотеката преку цела 2024 година.
  • Предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за постер за настан (вертикална ориентација), рол-банер и билборд (хоризонтална ориентација), Фејсбук и Инстаграм слика, лајвстрим видеонастан (телоп/воден жиг), коверт и меморандум и дизајн на производ, пример пенкала, чаши, маица, торба или шал.

 

  1. Услови за учество на Конкурсот:
  • – Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.
  • – Секој учесник може да поднесе едно до најмногу три идејни решенија.
  • – Решенијата ќе ги оценува Комисија од стручни и компетентни лица, именувана од страна на Директорот на Н.У. Кинотека на РСМ;
  • – На авторот на избраното решение му припаѓа авторски надоместок од реализацијата на аудио-визуелниот документарен запис – за ексклузивното пренесување на авторските материјални права за прикажување и дистрибуција; наградата за добитничкото дело е во износ од 30.000 мкд.
  • Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на Кинотеката на Република Северна Македонија за избраното идејно решение, без никакви обврски спрема авторот освен утврдената награда.
  • По завршување на Конкурсот, избраниот автор на идејното решение писмено ќе се извести и истиот ќе биде обврзан во рок од 3 (три) работни дена по добивање на известувањето да достави Изјава заверена кај Нотар за гаранција за оригиналноста на идејното решение.
  • Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените пријави.
  • Пријавените решенија треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Решение за изработка на специјално јубилејно лого со логотип со текст и со шифра од најмногу 5 знаци – букви или броеви. Во пликот, освен решението, треба да се приложи и посебен затворен плик, означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име, презиме, адреса и контакт-телефон);
  • Решенијата да се поднесат во А4 формат на кој било од следните начини:

(а) по пошта (на адреса: Н.У. Кинотека на РСМ, ул. Никола Русински бр.1, 1000 Скопје),

(б) директно во Архивата на Кинотеката (ул. Никола Русински бр.1, Скопје).

  • Решенијата треба да се достават до Н.У. Кинотека на РСМ – најдоцна до 15 часот на последниот ден од Конкурсот.
  • Дополнителни информации на тел. 02 / 3071814, 3065968.

– Конкурсот трае до 31.01.2024 година.

– Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 15 дена по завршувањето на Конкурсот.

– Неизбраните решенија ќе им бидат вратени на авторите.

 

 

 

 

 

     Н.У. КИНОТЕКА НА РСМ

                               Директор

 

                                                                                                                                _________________________