Преземи: Програма ноември 2022 / Program November 2022

 

1 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

19 НОЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

30 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

ПОД МОСТОТ

(Under the Bridge)

Документарен филм, Македонија

2022, 25мин., колор, ХД-видео

Режија: Филип Лафазановски

 

Љуба заедно со својот пријател Пеца живеат на сплав на реката Сава во Белград. Времето полека минува и прашања за пријателството и животот испловуваат на површина.

 

ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE

Игран филм, Македонија

2022, 82 мин., колор, ДЦП

Режија: Илија Павлов (Ilija Pavlov)

Сценарио: Илија Павлов (Ilija Pavlov)

Улоги: Илија Павлов, Душица Настова (Ilija Pavlov, Dushica Nastova)

 

Чуството да сакаш некого, без способноста тоа да го искажеш, создава немоќ, но истовремено  ја отсликува апсолутната љубов. Сосема неочекувано, Павел слуша глас од далечина, тоа е

милозвучниот глас на Касиа по кој копнеел цели 3 години. Тие започнуваат интимна и непрестајна

комуникација за сè она што се случило и сè она што треба да се случи, навлегувајќи длабоко во

своите премолчени чувства и емоции.

Љубљана станува градот на светлината за Павел и сите места кои претходно ги доживувал

како мрачни, побудувајќи му само спомени и носталгија, добиваат моментално присуство и

значење како никогаш. Присуството на Касиа му е првото повторно раѓање.

Постојано се поставува прашањето: Дали Касиа навистина постои или е само креација во умот на

Павел? Појавувањето на Касиа не донесува никакви одговори, со тоа таа ја открива својата мрачна страна и мистериозноста на оние кои нè имаат креирано и нè оставиле да талкаме во потрага по

надеж, создавајќи „место“ каде надежта последна умира.

Павел е во постојана потрага по тоа магично „место“ каде сите желби стануваат реалност,

„местото“ навистина постои и е прекрасно, но патот дотаму е речиси невозможен, само

неколкумина го имаат поминато. Павел не е свесен во што се впушта и нема одговор на

прашањето: Колку пати треба да „умреме“ за да се родиме повторно? Shanti, shanti, shanti.

REBIRTH.. е дебитантски долгометражен игран филм на Илија Павлов (1994)

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

НЕДЕЛА НА ШПАНСКИ ФИЛМ

 

4 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

ШАМПИОНИ

(Champions / Campeones)

игран филм, Шпанија

2018, 124 мин., колор, ХД-видео

Режија: Хавиер Фезер (Javier Fesser)

Сценарио: Давид Маркес, Хавиер Фезер (David Marqués, Javier Fesser)

Улоги: Хавиер Гутиерез, Атенеа Мата, Хуан Маргајо (Javier Gutiérrez, Athenea Mata, Juan Margallo)

 

ШАМПИОН е филмот со кој ќе се отвори „Неделата на шпански филм“ и претставува одличен почеток на претстојната извонредна филмска недела. Главниот лик, Марко Монтес, работи како втор тренер на еден голем тим во Шпанската национална кошаркарска лига. Но неговиот личен живот за разлика од професионалниот е сосема поинаков. Тој е арогантен и лошо воспитан човек. За време на еден натпревар во лигата, по расправија со главниот тренер, Марко ќе предизвика инцидент заради што ќе добие и отказ од работното место. Целосно пијан и полусвесен, тој ќе удри со својот автомобил во полициско возило, при што ќе биде уапсен. На судењето судијата ќе му дозволи на Марко да одлучи: дали да оди во затвор на 2 години или да помине 90 дена правејќи општокорисна работа. Така, Марко ќе одлучи да тренира еден кошаркарски тим наречен „Лос Амигос“ (Пријателите), составен од лица со потешкотии во учењето.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

5 НОЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

ЌЕ ДОЈДЕ ОГНОТ

(O que arde/ Fire Will Come)

Игран филм, Шпанија, Франција / Луксембург

2019, 86 мин., колор, ХД-видео

Режија: Оливер Ласе (Oliver Laxe)

Сценарио:  Сантијаго Фијол, Оливер Ласе (Santiago Fillol, Oliver Laxe)

Улоги: Амадор Ариас, Бенедикта Санчез, Инасио Абрао (Amador Arias, Benedicta Sánchez, Inazio Abrao)

 

ЌЕ ДОЈДЕ ОГНОТ е рурална драма што го следи животот на Амадор, осуден пироман, кој по одлежувањето на казната ќе продолжи да живее во своето родно место во провинцијата Луго (Галиција, северозападна Шпанија). Животот заедно со неговата стара мајка Бенедикта е тивок и мирен, а потсмевот од соседите, кои не го заборавиле неговиот прекршок, останува премолчен.

Неговата секојдневна активност е грижата за добитокот на фармата. Но, мирниот живот во овој предел, каде доминираат дождливото време и маглата, нагло ќе се промени кога на планината во близина ќе се разгори нов оган, кој не само што ќе ги загрози куќите во градот, туку и животите на сите жители.

Филмот беше прикажан во рамки на селекцијата „Извесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал во 2019 година, каде ја освои наградата на жирито. Филмот беше дел и од  34-тиот Меѓународен филмски фестивал во Мар дел Плата, најпрестижниот филмски фестивал во Латинска Америка, каде што ја освои наградата „Златен Астор“ за најдобар филм.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

6 НОЕМВРИ (НЕДЕЛА) 20:00 ч.

ТЕМНОСИНО СКОРО ЦРНО

(Azuloscurocasinegro / Dark Blue Almost Black)

Игран филм, Шпанија

2006, 105 мин., колор, ХД-видео

Режија: Даниел Санчез Аревало (Daniel Sánchez Arévalo)

Сценарио:  Даниел Санчез Аревало (Daniel Sánchez Arévalo)

Улоги: Ким Гутиерез, Раул Аревало, Марта Етура (Quim Gutiérrez, Raúl Arévalo, Marta Etura)

 

Хорхе е 25-годишен чувар кој очајно бара подобра работа. Но овој негов потфат е усложнет од  фактот што тој се грижи за својот хендикепиран татко кој имал срцев удар пред седум години. Во меѓувреме, неговиот брат Антонио кој е во затвор ќе си најде нова девојка, Паула, која сака да забремени. Кога Антонио ќе дознае дека е неплоден, ќе го замоли Хорхе да ја забремени Паула. Додека Хорхе размислува за оваа одлука, неговата љубов од детството, Наталија, ќе се врати во неговиот живот. Режисерот Даниел Санчез Аревало за филмот ТЕМНОСИНО СКОРО ЦРНО ја доби наградата Гоја за најдобар нов режисер, а самиот филм е добитник на наградата на „Еуропа Синемас“ на Венецискиот филмски фестивал во 2009 година.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

7 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

АЈ, КАРМЕЛА

(¡Ay, Carmela!)

Игран филм, Шпанија / Италија

1990, 102 мин., колор, ХД-видео

Режија: Карлос Саура (Carlos Saura)

Сценарио: Рафаел Аскона, Хосе Санчис Синистера, Карлос Саура (Rafael Azcona, José

Sanchís Sinisterra, Carlos Saura)

Улоги: Кармен Маура, Андрес Пахарес, Габино Диего, Маурицио Де Раца, Хосе Санчо

(Carmen Maura, Andrés Pajares, Gabino Diego, Maurizio De Razza, José Sancho)

 

За време на Шпанската граѓанска војна, патувачкиот театар на брачната двојка Паулино и

Кармела е на турнеја низ регионот што го држат републиканците. Едно утро тие ќе бидат

сведоци на убиствата што франковистите ги извршуваат врз невиното население и ќе

паднат во рацете на фашистите. Италијанскиот командат, кој е вљубеник во театарот, од

нив ќе бара да ги забавуваат фашистичките одреди и со тоа да си ја откупат слободата.

Паулино некако и ќе прифати, но Кармела тој чин го смета за понижување.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

8 НОЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ЦРНИ ДИЈАМАНТИ

(Diamantes negros / Black Diamonds)

Игран филм, Шпанија / Португалија

2013, 98 мин., колор, ХД-видео

Режија: Мигел Алкантуд (Miguel Alcantud)

Сценарио: Мигел Алкантуд (Miguel Alcantud)

Улоги: Сетиги Дијало, Хамиду Самаке, Карло Дурси (Setigui Diallo, Hamidou Samaké, Carlo D’Ursi)

 

Амаду и Муса се двајца тинејџери од Мали кои многу го сакаат фудбалот. Во слободното време, по училиште или по работа на локалниот пазар, момчињата ги усовршуваат своите вештини и разменуваат приказни за нивните европски идоли –африканци кои станале ѕвезди во Европа. Еден шпански извидник на таленти ќе ги забележи на локален натпревар и ќе им понуди проба во Европа, а момчињата – и нивните семејства – се исполнети со соништа за слава и богатство. Но,  реалноста за регрутирањето на млади фудбалски таленти во Европа воопшто не наликува на она што тие го замислувале.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

9 НОЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

ТАЈНАТА ВО НИВНИТЕ ОЧИ

(El secreto de sus ojos / The Secret in Their Eyes)

Игран филм, Аргентина / Шпанија

2009, 129 мин., колор, ХД-видео

Режија: Хуан Хозе Кампанела (Juan José Campanella)

Сценарио:  Eдуардо Сачери, Хуан Хозе Кампанела (Eduardo Sacheri, Juan José Campanella)

Улоги: Рикардо Дарин, Соледад Виљамил, Пабло Раго (Ricardo Darín, Soledad Villamil, Pablo Rago)

 

ТАЈНАТА ВО НИВНИТЕ ОЧИ на режисерот и сценарист е Хуан Хозе Кампанела, е добитник на престижната награда Оскар за најдобар странски филм во 2009 гоина. Базиран на романот „Прашањето во нивните очи “ на Едуардо Сачери,  филмската приказна преку нелинеарна нарација  раскажува за аргентинските федерални агенти Бенџамин Еспосито и Соледад Виљамил, кои го истражуваат случајот за бруталното силување и ладнокрвното убиство на Лилијана Колото. Ова злосторство станува мистерија која ги прогонува, иако случајот ќе биде затворен и навидум решен.

 

Возрасна категорија: 18 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

10 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ЛЕСНО Е ДА СЕ ЖИВЕЕ СО ОЧИ ЗАТВОРЕНИ

(Living Is Easy with Eyes Closed/ Vivir es fácil con los ojos cerrados)

игран филм, Шпанија

2013, 108 мин., колор, ХД-видео

Режија: Давид Труеба (David Trueba)

Сценарио: Давид Труеба (David Trueba)

Улоги: Хавиер Камара, Наталија де Молина, Францеск Коломер, Хорге Санз (Javier Cámara, Natalia de Molina, Francesc Colomer)

 

Шпанија, 1966 година, професорот по англиски и латински јазик, Антонио, ќе се вози до Алмерија со надеж дека ќе го сретне својот херој, Џон Ленон. Попатно, Антонио зема двајца бегалци. Насловот на филмот „Лесно е да се живее со очи затворени“ доаѓа од репликата во песната „Strawberry Fields Forever“, која Ленон ја напишал за време на снимањето на филмот КАКО ЈА ДОБИВ ВОЈНАТА (How I Won the War, 1967), што се одвивало во Алмерија.

 

Возрасна категорија: 18 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

14 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

15 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.

16 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.

28 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

29 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

ПС БУСАН

(PC Busan)

Краток филм, Македонија

2019, 12 мин., колор, ХД-видео

Режија: Саша Станишиќ (Sasha Stanishikj)

Сценарио: Саша Станишиќ (Sasha Stanishikj)

Улоги: Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг (Kim Min Woo, Park Ho Chen, Jeong Ji Young)

 

Станува збор за филм во јужнокорејска продукција којшто Станишиќ го направи за време на неговиот тринеделен резиденцијален престој во Бусан во 2019 година.

Главен лик во приказната е Гу, 40-годишен самец кој работи 60 часа неделно, а еднаш во неколку месеци има слободен ден во кој конечно може да биде она што сака да биде. Филмот ПС БУСАН се обидува да одговори на прашањето што значи да се живее во голема и раздвижена азиска метропола како што е Бусан, каде новата технологија и старата традиција коегзистираат рамо до рамо. Во филмот Станишиќ на интересен начин покажува и уште еден виртуелен Бусан каде неговите жители можат да побегнат од реалниот живот и да бидат тоа што сакаат.  Филмот е сниман на корејски јазик со целосно корејска екипа, додека, пак, директор на фотографија е Чои Вонук, монтажата е на Ли Дон Мин, музиката е на Васана, а главните улоги ги толкуваат Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг.

 

14 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

15 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.

16 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.

17 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

18 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 18:00 ч.

21 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

22 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

23 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.

28 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

29 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА

(Snow White Dies at the End)

Игран филм, Македонија / Кипар

2022, 106 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Кристијан Ристески (Kristijan Risteski)

Улоги: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев (Natasa Petrovikj, Verica Nedeska, Sashko Kocev, Deniz Abdula, Ivica Dimitrijevikj, Tino Kostadinovski, David Janakiev)

 

Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен arkoman. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.

СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА е дебитатнски филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори годинешново 43-то издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

14 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

15 НОЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

16 НОЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

КАДЕ СИ, АДАМЕ?

(Де ти, Адаме? / Where are you, Adam?)

Документарен филм, Украина / Грција

2019, 80 мин., колор, ДЦП

Режија: Александар Запорошченко (Alexander Zaporoshchenko)

 

Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, и се сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.

Автор на филмот, укранскиот продуцент – ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска за време на неговиот десетгодишен престој во светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието, радоста…

Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испосничк и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игуман на на манастирот, ведар и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.

КАДЕ СИ, АДАМЕ? учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), Торонто, Краков, Зајечар (Србија)…

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

17 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00 ч.

18 НОЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

19 НОЕМВРИ (САБОТА) 18:00 ч.

21 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

22 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.

23 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО

(Vera Andrron Detin)

Игран филм, Македонија / Косово / Албанија

2021, 82 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Калтрина Красниќи (Kaltrina Krasniqi)

Улоги: Теута Ајдини-Јегени, Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши (Teuta Ajdini, Alketa SylajRefet Abazi, Astrit Kabashi)

 

ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО ја раскажува приказната за Вера,  одиграна од страна на Теута Ајдини-Јегени, преведувачка на знаковен јазик, која по самоубиството на сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

Покрај финансиските средства добиени од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, препознавајки ја младата Калтрина Красниќи како дел од новиот млад филмски бран, овој филмскиот проект главна поддршка доби од Филмскиот центар на Косово и дополнително од Филмскиот центар на Албанија.

Филмот на Красниќи беше дел од програмите на повеќе светски фестивали, а својата светска премиера ја имаше Интернационалниот филмски вестивал во Венеција каде освои две признанија – за автори под 40 години и за инклузивност, а се закити и со повеќе филмски награди меѓу кои се Награда за најдобар филм на GoEast Film Festival во Висбаден, Германија и Гран при наградата на Интернационалниот филмски фестивал во Токио. ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО е добитник и на наградата Златно сонце за најдобар филм за на  овогодинешното издание на фестивалот „Синедејс“.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

 

24-26 НОЕМВРИ

АНИМАКС СКОПЈЕ ФЕСТ

 

 

28 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

БАСКЕТ

(Basket)

Краток филм, Македонија

2022, 12 мин., колор, ХД-видео

Режија и сценарио: Димитар Банов (Dimitar Banov)

Улоги: Давид Тодоровски, Хусеин Бајрам, Марко Петковски (David Todorovski, Husein Bajram, Marko Petkovski)

 

Почнува жешко скопско лето, некаде во јуни. Распуст е, маалските кошеви се полни со деца. Во Капиштец, во домот пред зградата на Пепо, секогаш се игра силен и квалитетен баскет. Таму, по 18 часот доаѓаат повозрасните играчи, искусни баскетџии и поранешни кошаркари. Маалските правила на игра велат дека по 18 часот децата мораат да го напуштат убавиот кош со мрежичка.

 

ОСТРОВОТ НА БЕРГМАН

(Bergman’s Island)

Игран филм,  Германија

2022, 108 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио:  Миа Хансен-Лов (Mia Hansen-Løve)

Улоги: Вики Крипс, Тим Рот, Миа Васиковска (Vicky Krieps, Tim Roth, Mia Wasikowska)

 

Меѓу најатрактивните режисерски имиња во европската кинематографија е и името на режисерката Миа Хансен-Лов, чии филмски остварувања како ЕДЕН (Eden, 2014)и НЕШТАТА ШТО ПРЕСТОЈАТ ј (Things to Come / L’Avenir, 2016) jа истакнаа како режисерка со уникатна визија и приказни кои допираат до публиката. ОСТРОВОТ НА БЕРГМАН, кој својата премиера ја имаше минатата година на Канскиот филмски фестивал, е  меланхоличната драма за љубовта помеѓу Крис и Тони, успешни филмаџии, кои добиваат резиденцијален престој на островот Форе, домот на култниот режисер Ингмар Бергман. Филмското дејство започнува со нивното доаѓање на еден идиличен селски имот,  што подоцна суптилно на гледачите им ги воочува пукнатините во меѓусебната комуникација на брачните партнери, преку нивната неискажана уметничка нетрпеливост на еден кон друг, како и бизарното претворање на овие острови во еден вид тематски парк за Ингмар Бергман.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

29 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 17:00 ч.

ПРИКАЗНАТА НА МОЈАТА ЖЕНА

(The Story of My Wife / A feleségem története)

Игран филм,  Унгарија, Германија, Франција, Италија

2021, 169 мин., колор, ДЦП

Режија:  Илдико Ењеди (Ildikó Enyedi)

Сценарио: Илдико Ењеди, Милан Фуст (Ildikó Enyedi, Milán Füst)

Улоги: Леа Сејду, Гијс Набер, Луи Гарел (Léa Seydoux, Gijs Naber, Louis Garrel)

 

ПРИКАЗНАТА НА МОЈАТА ЖЕНА, на унгарската режисерка Елдико Ењеди, е адаптација на истоимениот роман на унгарскиот писател Милан Фист (Milán Füst) и претставува филм за опасната човечка желба да се сфати и да се контролира љубовта, како и љубомората која надоаѓа. Филмската приказна го следи поморскиот капетан  Јакоб Штор, кој по долго време на море добива чудна стомачна болест за која лекарот му вели дека е од нездрав живот.  Решен да се смири и да си најде жена која ќе му го среди животот, тој со својот пријател се обложува дека ќе се ожени со првата жена што ќе влезе во кафулето. За среќа или несреќа, таа жена е шармантната  Лизи, која во истиот миг го заслепува Јакоб кој, пак, постојано ќе се обидува да ја потврди неговата интуиција дека таа го изневерува.

Сторијата на филмот е варијација на легендата за Летечкиот Холанѓанин, а дејствието е сместено во дваесеттите години на минатиот век, преполно со мистични елементи, но и неверојатна вистина за нас самите и за нашите најдлабоки пориви да ја достигнеме среќата.

Иако критичарите велат дека ова е значително послаб филм на Ењеди, во кој на моменти приказната се чини здодевна и предолга, Ењеди во едно интервју за „Варајати“ вели дека токму и тоа била нејзината намера. Таа сакала да го искористи „машкиот поглед“ за да ја раскаже приказна за тоа како патријархалниот светоглед на капетанот Јакоб Штор го прави неспособен да ја разбере својата сопруга.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

30 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.

ЧОВЕК ПО ТВОЈА МЕРКА

(I’m Your Man / Ich bin dein Mensch)

Игран филм, Германија

2022, 108 мин., колор, ДЦП

Режија: Марија Шрaдер (Maria Schrader)

Сценарио: Јан Шомбург, Марија Шрaдер, Ема Браславски (Jan Schomburg, Maria Schrader, Emma Braslavsky)

Улоги: Марен Егерт, Ден Стивенс, Сандра Хулер (Maren Eggert, Dan Stevens, Sandra Hüller)

 

Д-р Алма Фелсер, почитуван академик и археолог, учествува во проектот во кој таа треба да мине низ серија тестирања со цел да се создаде нејзиниот „идеален маж“. По тринеделната проценка на еден примерок таа ќе мора да го даде нејзиното стручно мислење, бидејќи нејзиниот шеф, кој е дел од етичкиот комитет, треба да одлучи дали на роботите ќе им се дадат одредени човекови права. За возврат, ако Алма го заврши експериментот, тој ќе одвои средства за неа и за нејзиниот тим да отпатуваат во Чикаго, каде ќе можат да прочуваат одредени плочи со клинесто писмо. Нејзиниот „идеален маж“ е Том, кој навидум изгледа обично, но неговите постапки и одговори ќе го променат нејзинoто мислење за овој експеримент.

Актерката Марен Егерт ја освои „Сребрената мечка“ за најдобра женска улога на Берлинале 2021,

Дан Стивенс и сценаристите Шрaдер, Шомбург и Браславски ги освоија наградите на Германскиот

филмски фестивал и на Баварскиот филмски фестивал, филмот доминираше на доделувањето на

германските национални филмски награди за минатата година, а забележа уште десетина други

номинации за признанија.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари