СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ 1-5 Јули

 

1 ЈУЛИ (ПЕТОК), 20:15 ч.

ЗЕМЈА ВО ФОКУС: СРБИЈА

 

ПОБЕДНИЦИТЕ СЕ ДОСАДНИ

(Победници су досадни)

Документарен филм, Србија, 30 мин.

Режија: Оливера Милетиќ

 

НАЈВАЖНИОТ ДЕЧКО НА СВЕТОТ

(Најважнији дечко на свету)

Документарен филм, Србија, 75 мин. Режија: Теа Лукац

 

РЕПЕТИТОР: СТЕСНЕТИ СОНИШТА

(Сужени снови)

Документарен филм, Србија, 36 мин.

Режија: Игор Чоко

 

ВИКТОРИЈА

(Викторија)

Документарен филм, Србија, 52 мин.

Режија: Мина Петровиќ

 

Q&A  со Душан Мајкиќ

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

2 ЈУЛИ (САБОТА), 20:15 ч.

ЕЛА ФИЦЏЕРАЛД: ЕДНА ОД ОНИЕ РАБОТИ

(Ella Fitzgerald: Just one of those things) – режија: Лезли Вудхед

Документарен филм, САД, 90 мин.

Режија: Лезли Вудхед

 

Филмот со најдобриот биографски синопсис за Ella Fitzgerald, насловен “Just one of those things” каде се појавува најпознатиот секс симбол во 1950-тите и1960-тите години, Мерилин Монро (Marilyn Monroe), е филм кој го прикажува изворедното патување на Ella низ пет децении, додека таа ги рефлектира страстите и неволјите на времето во нејзината музика и нејзиниот живот.

 

2 ЈУЛИ (САБОТА), 21:30 ч.

РОНИ ВУД: НЕКОЈ ОД ГОРЕ МЕ САКА

(Ronnie Wood: Somebody up there likes me)

Документарен филм, Велика Британија, 82 мин.

Режија: Мајк Фиџис

 

“Ronnie Wood: Somebody up there likes me” е документарец каде што се прикажува турбулентниот живот и кариерата на легендарниот рок гитарист од Rolling Stones. Овој филм ги вжешти столчињата на публиката на својата премиера во 2019 г.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

4 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:15 ч.

ОМАЖ НА ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ:

ГЕТО 103  (10 мин)

ФОЛТИН СЕ ЈАВИ (16 min)

БАДМИНТОНС ДОК (18 мин)

THE HIP – REALITY OVERDRIVE (55 мин)

 

Ден на македонски музички документарци преку кои се оддава почит на исклучителната работа на Јане Алтипармаков. Преу овие филмови тој ја доловува музичката сцена во Македонија од минатиот век.

„Бадмингтонс“ е позната панк група од Скопје, формирана 1983 г.,

Документарецот за битолската група „Фолтин“, ФОЛТИН СЕ ЈАВИ, го опишува богатиот музички правец кој ја разигрува македонската музичка сцена.

Филмот ГЕТО 103 нè потсетува на авангардната музика која се пушташе на „Канал 103“, единственото радио кое ја поддржува и промовира храбрата и независна музичка сцена.

Последниот документарец кој ќе се прикажува REALITY OVERDRIVE e видео албум на кумановскиот бенд „The Hip“.

 

Q&A со Јане Алтипармаков

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

5 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:15 ч.

 

СЕСТРИ СО ТРАНЗИСТОРИ

(Sisters with Transistors)

Документарен филм, 85 мин.

Режија: Лиса Ровнер

 

Документарниот филм “Sisters with Transistors” ја следи приказната за женските пионери на електронската музика и композиторките кои ги прифатија машините и технологијата, и со тоа целосно го изменија начинот на кој произведуваме и слушаме музика.

 

5 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 21:45 ч.

МОБИ

(Moby Doc)

Документарен филм, 90 мин.

Режија: Роб Гордон Бралвер

 

Надреалистичиот биографски документарец “Moby Doc” го опишува животот на електронскиот музичар и активист за правата на животните Моби.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

6 ЈУЛИ (СРЕДА), 18:00 ч.

23 ЈУЛИ (САБОТА), 20:15 ч.

29 ЈУЛИ (ПЕТОК), 18:00 ч.

КАДИФЕНА КРАЛИЦА

(La panthère des neiges / Velvet Queen)

Документарен филм, Франција

2021, 92 мин., колор, ДЦП

Режија: Мари Амиге, Венсан Миние (Marie Amiguet , Vincent Munier)

Сценарио: Силван Тесон, Венсан Миние (Sylvain Tesson , Vincent Munier)

Учествуваат: Силван Тесон, Венсан Миние (Sylvain Tesson , Vincent Munier)

 

Документарецот на Мари Амиге и Венсан Миние, чиј превод од француски јазик гласи СНЕЖНИОТ ПАНТЕР е снимен во срцето на висорамнината Тибет.

Фотографот Венсан Миние го води писателот Силван Тесон во неговата потрага по снежниот пантер. Миние го упатува Тесон во тајните на уметноста на набљудувањето, читањето траги на почвата и трпението кое е потребно кога се набљудуваат дивите животни. Со преминувањето преку планинските врвови населени со невидлива присутност, двајцата истражувачи го ткајат нивниот дијалог за местото на човекот меѓу живите суштества и ја слават убавината на светот во кој живееме…

Филмот на Амиге и Миние ги освои наградите „Цезар“ и „Лимиер“ за најдобар француски документарец, наградите на независниот фестивал во Санта Фе (САД) и фестивалот на документарни филмови во Солун (Грција), а беше номиниран за „Златната палма“ во Кан 2021 во категоријата „Golden Eye“…

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

 

6 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:15 ч.

19 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:15 ч.

23 ЈУЛИ (САБОТА), 18:00 ч.

28 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

29 ЈУЛИ (ПЕТОК), 20:15 ч.

 

ПЛАНИНА НА СМРТТА

(Feng bao / Cloudy Mountain)

Игран филм, Кина

2022, 114 мин., колор, ДЦП

Режија: Ли Џун (Li Jun)

Сценарио: Ша Сонг, Ли Џун (Sha Song, Li Jun)

Улоги: Јилонг Жу, Жи-жонг Хуанг, Шу Чен (Yilong Zhu, Zhi-zhong Huang, Shu Chen)

 

Татко и син се обидуваат да го сочуваат родниот град и новоизградениот тунел од природна катастрофа…

Приказната на филмот е фокусирана на скромноста и личната заложба на главните јунаци, бидејќи дејството не се занимава со спасување на целиот свет, туку на својот град, својот микроуниверзум во кој непријателот не е некој странец со супермоќи туку природна катастрофа.

Публицитетот на филмот беше насочен кон напорниот тренинг што го имале актерите Ји Лонг Зу и Зи-Зонг Уанг пред снимањето на филмот. Тие еден месец вежбале на ѕидот за искачување со професионални инструктори, со цел колку што е можно поуверливо да ги одиграат своите улоги во спречувањето на катастрофата. Филмот веќе заработи шеесетина милиони долари од прикажувањето во киносалите ширум светот.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

20 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:15

25 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:15 ч.

30 ЈУЛИ (САБОТА), 18:10 ч.

 

ТИТАН

(Titane)

Игран филм, Франција / Белгија

2021, 108 мин., колор, ДЦП

Режија: Жулија Дукурно (Julia Ducournau)

Сценарио: Жулија Дукурно (Julia Ducournau)

Улоги: Агат Русел, Венсан Линдон, Гаранс Марилије, Лаис Саламе, Доминик Фрот (Agathe Rousselle, Vincent Lindon, Garance Marillier, Laïs Salameh, Dominique Frot)

 

По низа необјаснети злосторства, таткото повторно се среќава со својот син, кој 10 години се води како исчезнат по една сообраќајна несреќа. Приказната се фокусира на Алексија (извонредната актерка Агат Русел), која е тоа исчезнато дете, а сега вистинска „амазонка“, дива и страствена танчерка која е во центарот на делириумскиот хорор. Таа има вградена титаниумската плоча во черепот во детството по споменатата автомобилска несреќа.

Покрај Алексија, и нејзиниот татко Венсан (Линдон) се обидува да си го скроти телото, па во филмот паралелно се прикажуваат нивните телесни трансформации. ТИТАН е филмска бајка за возрасни исполнета со гнев, љубов и осаменост, физичка борба и ги користи необичните физички метафори за да се опише емоционалната состојба на главните ликови, воден според дефиницијата за металот титаниум: многу отпорен на топлина и корозија, со легури со висока цврстина на истегнување.

ТИТАН ја освои „Златната палма“ во Кан 2021, а Дукурно (авторка на исто така контроверзниот филм „Raw“), ги доби најдобри критики за овој филм, поделувајќи ја јавноста со оваа контроверзна филмска сторија. Филмот забележа над 110 номинации на филмските фестивали, освои 28 награди, а со него свечено беше затворено минатогодишното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Кинематограферот на ТИТАН Рубен Импенс (Ruben Impens) ја освои „Бронзената камера 300“ заради бруталниот контраст меѓу вознемирувачката дистописка приказна и нејзиниот високо естетизиран визуелен стил.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

СИНЕДЕЈС  8-13 Јули

8 ЈУЛИ (ПЕТОК), 20:15 ч.

107 МАЈКИ

(Cenzorka / 107 Mothers)

Игран филм, Словечка / Чешка / Украина

2021, 93 мин., колор, ДЦП

Режија: Петер Керекес (Peter Kerekes)

Сценарио: Петер Керекес, Иван Остроковски (Peter Kerekes, Ivan Ostrochovský)

Улоги: Марина Климова, Ирина Кирјазева, Љубов Василина (Maryna Klimova, Iryna Kiryazeva, Lyubov Vasylyna)

 

Лесја врши злосторство од страст, кое ѝ носи седумгодишна казна во еден од женските затвори во Одеса. Само што го раѓа првото дете и сега влегува во свет каде што живеат само жени: затворенички, медицински сестри и затворски чуварки, жени од сите возрасти, сопруги и вдовици, ќерки, сестри, бремени жени и жени со деца. Да не беше бојата на униформите, понекогаш ќе беше тешко да се разликува кој е кој.

Филмот ги следи вистинските приказни од животот на 107 жени-мајки во затворот во Одеса, Украина, и забележа десеттина номинации и награди на филмските фестивали, меѓу кои и во Чикаго (САД), Котбус (Германија), наградата за најдобро сценарио во програмата „Хоризонти“ на Биеналето во Венеција… 107 МАЈКИ ги освои главните награди на националниот филмски фестивал во Словачка.

 

 

8 ЈУЛИ (ПЕТОК), 22:15 ч.

 

REBIRTH: VOICE OF SILENCE

Игран филм, Македонија

2022, 82 мин., колор, ХД

Режија: Илија Павлов (Ilija Pavlov)

Сценарио: Илија Павлов (Ilija Pavlov)

Улоги: Илија Павлов, Душица Настова (Ilija Pavlov, Dushica Nastova)

 

Две прашања: Сами сме во универзумот или не? И двата одговори се подеднакво застрашувашки.

REBIRTH, индиректно и метафорички поставува прашања за човекот како најинтелегентно битие на Земјата, за неговото постоењето, неговите навики, апсолутната љубов и енергија, психоделијата, смртта и што по неа, без да даде целосни одговори.

Павел, централниот лик е еден од неколкуте избраници на засега недопрената и непознатата интелегенција која нè контролира сите нас, без ние да сме свесни за тоа. Токму таа интелегенција  е главната причина за осаменоста, изгубеноста и безнадежноста на Павел.

Љубљана, градот на мракот, е главниот причинител за чуството на безизлезност кое го обзема  Павел, будејќи му сеќавања за неговата единствена и загубена љубов, Касиа. Бегството не е решение, Павел не е свесен за тоа. Експериментирајќи со психоделични супстанци наидува на најмоќната од сите, ајахуаската. Тоа е почеток на неговиот крај.

Чуството да сакаш некого, без способноста тоа да го искажеш создава немоќ, но во исто време ја отсликува апсолутната љубов. Сосема неочекувано, Павел слуша глас од далечина, тоа е милозвучниот глас на Касиа по кој копнеел цели 3 години. Тие започнуваат интимна и непрестајна комуникација за сè она што се случило и сè она што треба да се случи, навлегувајќи длабоко во своите премолчени чувства и емоции.

Љубљана станува градот на светлината за Павел и сите места кои што претходно ги доживувал како мрачни, побудувајќи му само спомени и носталгија, добиваат моментално пристуство и значење како никогаш. Присуството на Касиа му е првото повторно раѓање.

Постојано се поставува прашањето: Дали Касиа навистина постои или е само креација во умот на Павел? Појавувањето на Касиа не носи никакви одговори, со тоа таа ја открива својата мрачна страна и мистериозноста на оние кои нè имаат креирано и нè оставиле да талкаме во потрага по надеж, создавајќи „МЕСТО“ каде надежта последна умира.

Павел е во постојана потрага по тоа магично „место“ каде сите желби стануваат реалност, „местото“ навистина постои и е прекрасно, но патот до таму е речиси невозможен, само неколкумина го имаат поминато. Павел не е свесен во што се впушта и нема одговор на прашањето: Колку пати треба да „умреме“ за да се родиме повтоно? Shanti, shanti, shanti.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

9 ЈУЛИ (САБОТА), 20:15 ч.

ПЛАНЕТА НА ОВЦИТЕ: НАДВОР ВО СВЕТОТ / НАДВОР ВО ИДНИНАТА

(Planet of the Sheep: Out into the World / Out into the future)

Документарен филм, Германија

2021, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Марвин Ентхолт (Marvin Entholt)

Сценарио: Марвин Ентхолт (Marvin Entholt)

 

Овците се веројатно најпотценетите животни во светот. Без нив, човештвото не би било таму каде што е денес. Храна, облека – овците му обезбедуваат на човештвото веќе единаесет илјади години. Животните се заслужни за раст на општествата, ги подготвија луѓето за култура и до ден денес гарантираат живот и просперитет во многу делови од светот. ПЛАНЕТА НА ОВЦИТЕ продолжува да ги бара трагите на овчарите и одгледувачите ширум светот.

Во Европа традиционалната овчарска професија е на работ на изумирање. Во некои делови од Германија само неколку овчари сè уште егзистираат и го зачуваат културниот пејзаж. Иако некои стари овчарски култури сè уште се живи, во Сардинија, како и во Северна Македонија, живее традицијата на сезонска преселба на илјадици грла. Во Шкотска, млади жени освојуваат нови терени за да ја спасат античката култура на одгледување овци во 21 век, а во Шпанија, исто така, се воспоставуваат нови форми на овчарство: училиштата за овчари обучуваат нова генерација овчари.

И Кина оди по својот пат: овде стотици илјади интензивно чуваат овци за да го задоволат гладот ​​на населението. Но, во помал обем, квалитетот на животот и човечкото преживување се директно поврзани со постоењето на овците – како во Етиопија, каде фармерите можат да го финансираат школувањето на своите деца благодарение на само неколку животни. Овцата е мајстор за адаптација во речиси секоја еколошка состојба, а со тоа веројатно и помагач во климатските промени.

 

9 ЈУЛИ (САБОТА), 22:15 ч.

НАСТАВНИЧКА КАНЦЕЛАРИЈА

(Zbornica / The Staff Room)

Игран филм, Хрватска

2021, 126 мин., колор, ДЦП

Режија: Соња Тарокиќ (Sonja Tarokić)

Сценарио: Соња Тарокиќ (Sonja Tarokić)

Улоги: Марина Реџеповиќ, Стојан Матавуљ, Нивес Иванковиќ (Marina Redzepović, Stojan Matavulj, Nives Ivanković)

 

Анамарија почнува нова работа како педагог во училиште, место полно со ситни конфликти и клики. На почетокот се труди да се држи настрана од борбите за превласт меѓу директорката, наставниците и родителите, посветувајќи се само на својата работа со децата. Но како што го запознава системот подобро, Анамарија сфаќа оти за да опстои во него мора да си го жртвува интегритетот и да се вклучи во играта.

Филмот на Тарокиќ освои награди на фестивалите во Карлови Вари и Загреб.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

10 ЈУЛИ (НЕДЕЛА), 20:15 ч.

КРАТ

(Kratt)

Игран филм, Естонија

2020, 107 мин., колор, ДЦП

Режија: Расмус Мериво (Rasmus Merivoo)

Сценарио: Расмус Мериво (Rasmus Merivoo)

Улоги: Мари Лил, Нора Мериво, Хари Мериво (Mari Lill, Nora Merivoo, Harri Merivoo)

 

Децата ги оставаат кај баба им без смартфони. Реалниот живот им се чини здодевен додека не најдат инструкции за крат – волшебно суштество што ќе направи сѐ што ќе му каже господарот. Сега само треба да купат душа од ѓаволот…

 

10 ЈУЛИ (НЕДЕЛА), 22:15 ч.

НА РАБОТ ОД РАЈОТ

(Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven)

Игран филм, Германија / Турција

2007, 122 мин., колор, ДЦП

Режија: Фатих Акин (Fatih Akin)

Сценарио: Фатих Акин (Fatih Akin)

Улоги: Нургул Јесилкај, Баки Даврак, Тунџел Куртиз, Хана Шигула, Патриција Зиолковска, Нурсел Косе (Nurgül Yeşilçay , Baki Davrak, Tuncel Kurtiz, Hanna Schygulla, Patrycia Ziolkowska, Nursel Köse)

 

Неџат не одобрува што неговиот татко, вдовецот Али, донесува одлука да живее со проститутката Јетер. Но, таа му станува драга кога открива дека праќа пари во Турција за факултетското образование на ќерка си. Ненадејната смрт на Јетер ги дистанцира таткото и синот. Неџат оди за Истанбул да ја побара Ајтен, ќерката на Јетер. Политичката активистка Ајтен побегнала од турската полиција и веќе е во Германија. Таму се здружува со младата Лоте, која ја кани бунтовната Ајтен да престојува во нејзиниот дом, гест што не ѝ се допаѓа на нејзината конзервативна мајка Сузана.

Кога Ајтен е уапсена и барањето за азил одбиено, ја депортираат во Турција, каде што завршува во затвор. Лоте оди во Турција, кадешто запаѓа во навидум безнадежните напори за ослободување на Ајтен.

Кинематографер на филмот е Рајнер Клаусман (Rainer Klausmann), редовен соработник на Акин, и чест гостин на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола како наградуван учесник и член на жирито.

Фестивали и награди: Кан – најдобро сценарио, награда на Екуменското жири; Анталија – најдобра режија, монтажа, спореден актер и споредна актерка, специјална награда на жирито; Анкара – најдобра монтажа, сценарио, спореден актер и споредна актерка; награда на критиката на Европскиот филмски фестивал во Севилја…

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

11 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:15 ч.

#dogpoopgirl

Игран филм, Романија

2021, 78 мин., колор, ДЦП

Режија: Андреј Хутулеак (Andrei Hutuleac)

Сценарио: Андреј Хутулеак (Andrei Hutuleac)

Улоги: Андреа Грамостеану, Мими, Разван Алексе (Andreea Gramosteanu, Mimi, Razvan Alexe)

 

Кучето на една жена врши нужда во вагон од подземната железница во Букурешт. Тинејџер го снима инцидентот и го објавува на интернет. Настанува хаос.

Филмот е инспириран од вистински настан, од инцидентот Dog Poop Girl што се случи во Јужна Кореја во 2005 година.

 

11 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 22:15 ч.

ОД НИКАДЕ

(In The Fade / Aus Dem Nichts)

Игран филм, Германија / Франција

2017, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Фатих Акин (Fatih Akin)

Сценарио: Фатих Акин, Харк Бон (Fatih Akin, Hark Bohn)

Улоги: Дијане Кругер, Денис Москито, Нумар Акар, Самија Мјуриел Чанкрин, Јоханес Криш (Diane Kruger, Denis Moschitto, Numar Acar, Samia Muriel Chancrin, Johannes Krisch)

 

Од никаде, животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг и синчето Роко ќе загинат во бомбашки напад. Нејзините пријатели и семејството се обидуваат да ѝ ја дадат потребната поддршка, и Катја некако успева да го преживее погребот.

Меѓутоа, опседнатоста да се пронајдат злосторниците и причината зад нападот го усложнуваат болното тажење на Катја, отворајќи рани и сомневања. Данило, адвокат и најдобар пријател на Нури, ја застапува Катја во судењето против двајцата осомничени: млад пар неонацисти. Судењето сосема ја полудува Катја, но за неа едноставно не постои друг избор: таа сака правда.

Фестивали и награди: Кан – најдобра актерка; „Златен глобус“ – најдобра странски филм; ИФФК „Браќа Манаки“ Битола – „Сребрена камера 300“; Осло – награда на публиката…

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

12 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:15 ч.

КРПЕНИЦА

(Patchwork)

Игран филм, Кипар / Израел / Словенија

87 мин., колор, ДЦП

Режија: Петрос Караламбус (Petros Charalambous)

Сценарио: Џенин Тирлинг (Janine Teerling)

Улоги: Ангелики Папулија, Џои Ригер, Андреас Целепос (Angeliki Papoulia, Joy Rieger, Andreas C. Tselepos)

 

Хара си го сака семејство, но сепак, понекогаш размислува каков би бил животот без нив. Колебливото пријателство со една срамежлива и пркосна девојка неумоливо ја принудува да се соочи со својот егзистенцијален гнев и болното минато што се обидува да го заборави…

КРПЕНИЦА освои награди на националнииот филмски фестивал на Кипар, потоа во Атина и Лос Анџелес (фестивал на грчки филмови) и беше номиниран за награди во Карлови Вари (Чешка) и Брауншвајнг (Германија).

 

 

12 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 22:15 ч.

 

РЕЗ

(The Cut)

Игран филм, Германија / Франција / Полска / Турција / Канада / Русија / Италија

2014, 138 мин., колор, ДЦП

Режија: Фатих Акин (Fatih Akin)

Сценарио: Фатих Акин, Мардик Мартин (Fatih Akin, Mardik Martin)

Улоги: Тахар Рахим, Симон Абкаријан, Макрам Хури, Хинди Захра, Кевок Маликјан(Tahar Rahim, Simon Abkarian, Makram Khoury, Hindi Zahra, Kevork Malikyan)

 

Мардин, 1915 година: една ноќ, турската полиција ги собира сите ерменски мажи во градот, меѓу кои и младиот ковач, Назарет Манугјан, кого го разделуваат од семејството.

Неколку години подоцна, откако ќе успее да ги преживее ужасите на геноцидот, ќе дознае дека неговите две ќерки се исто така живи. Ќе се опседне со идејата да ги пронајде и тргнува да ги бара. Потрагата го носи преку месопотамските пустини и Хавана, Куба, до соголените и пусти прерии во Северна Дакота. За време на оваа одисеја, тој среќава многу различни луѓе: добродушни луѓе со ангелско срце, но и луѓе што се вистинско олицетворение на ѓаволот.

Фестивали и награди: Венециски филмски фестивал – Специјално признание: Vittorio Veneto Film Festival Award; Софија – награда на публиката за најдобар филм; Hamburg Film Festival; Zurich Film Festival; London Film Festival; Haifa Film Festival; Busan International Film Festival; Gijon International Film Festival; CPH:PIX…

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

13 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:15 ч.

ДРУГИ ЛУЃЕ

(Inni ludzie / Other People)

Игран филм, Полска / Франција

2021, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Александра Терпинска (Aleksandra Terpinska)

Сценарио: Александра Терпинска (Aleksandra Terpinska)

Улоги: Јацек Белер, Соња Бохосевич, Магдалена Колесник (Jacek Beler, Sonia Bohosiewicz, Magdalena Kolesnik)

 

Урбана драма за Камил, кој живее во мал стан со мајка си и помладата ќерка и сонува да стане рапер. Наместо да си ги среди животот и кариерата, постојано пуши марихуана и талка низ градот и почнува афера со богатата домаќинка Ивона, на која ѝ е здодевно и се чувствува невидливо во својот брак, а заборав и мир наоѓа преку земање огромни дози антидепресиви. Полифонична приказна за изолирани луѓе што сонуваат за љубов во големиот град.

Филмот на Терпинска ги освои најзначајните награди на националниот полски филмски фестивал за 2021, наградата на критиката ФИПРЕСЦИ во Талин, Естонија.

 

13 ЈУЛИ (СРЕДА), 22:15 ч.

ДУШЕВНА КУЈНА

(Soul Kitchen)

Игран филм, Германија / Франција

2009, 99 мин., колор, ДЦП

Режија: Фатих Акин (Fatih Akin)

Сценарио: Фатих Акин, Адам Буздукос (Fatih Akin, Adam Bousdoukos)

Улоги: Мориц Блајбтрау, Адам Буздукос, Бирол Унел, Ана Бедерке, Лукас Грегорович (Moritz Bleibtreu, Adam Bousdoukos, Birol Ünel, Anna Bederke, Lucas Gregorowicz)

 

Зинос, сопственикот на ресторанот „Соул кичн“, има лоша среќа. Девојка му Надин се сели во Шангај, гостите во ресторанот го бојкотираат новиот готвач и има проблеми со грбот! Нештата тргнуваат на подобро кога модерните гости го прифаќаат новиот кулинарски концепт, но тоа не го лечи скршеното срце на Зинос. Решава да замине во Кина по Надин, оставајќи го ресторанот во рацете на својот несигурен брат, поранешниот затвореник Илијас.

Двете одлуки се покажуваат катастрофални: Илијас го прокоцкува ресторанот на матен агент со недвижнини, а Надин си нашла ново момче! Но браќата Зинос и Илијас можеби имаат уште една последна шанса да го вратат „Соул кичн“ ако престанат да се расправаат и почнат да работат како тим.

Фестивали и награди: Венециски филмски фестивал – најдобар филм (Young Cinema Award), Специјална награда на жирито; Хамбург – Art Cinema Award; Toronto International Film Festival; Sao Paulo International Film Festival; San Francisco International Film Festival; Tribeca Film Festival; Transilvania International Film Festival…  

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

ДЕСОНАНЗ – ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА, ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ И НОВИ МЕДИУМИ

15 ЈУЛИ (ПЕТОК), 20:15 ч.

 

ДЕСОНАНЗ – ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА, ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ И НОВИ МЕДИУМИ

16 ЈУЛИ (САБОТА), 20:15 ч.

 

 

18 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

22 ЈУЛИ (ПЕТОК), 20:15 ч.

25 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

27 ЈУЛИ (СРЕДА), 18:00 ч.

СÈ ПОМИНА ДОБРО

(Tout s’est bien passé / Everything Went Fine)

Игран филм, Франција / Белгија

2021, 113 мин., колор, ДЦП

Режија: Франсоа Озон (François Ozon)

Сценарио: Франсоа Озон, Филип Пјацо (François Ozon, Philippe Piazzo)

Улоги: Софи Марсо, Андре Дисолие, Жералдин Пелас, Шарлот Ремплинг, Хана Шигула, Ерик Караваца (Sophie Marceau, André Dussollier, Géraldine Pailhas, Charlotte Rampling, Hanna Schygulla, Eric Caravaca)

 

Снимен според романот на Емануел Бернхајм (Emmanuèle Bernheim), филмот на Озон ја раскажува сторијата за односите меѓу таткото и ќерката. Кога Андре (85) ќе доживее мозочен удар, останува полупарализиран. Го негува неговата ќерка Емануела. Андре бара од Емануела да му помогне да стави крај на својот живот. Но, како Емануела може да го исполни барањето на сопствениот татко?

Уште една суптилна драма со добро познатиот ракопис на Франсоа Озон, овој пат на секогаш контроверзната тема за евтаназија – убиство од милосрдие. Како и во неговите претходни филмови (до сега има повеќе од 20 долгометражни играни наслови), Озон секогаш ангажира одбрани актери за да ја раскаже приказната, па и во најновиот наслов има ѕвездена екипа од постарата и средната генерација. Со СÈ ПОМИНА ДОБРО, меѓу останатите успеси, беше номиниран за „Златната палма“ во Кан 2021 година.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

18 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК),20:15 ч.

22 ЈУЛИ (ПЕТОК), 18:00 ч.

ГОЛЕМА СЛОБОДА

(Große Freiheit / Great Freedom)

Игран филм, Австрија / Германија

2021, 116 мин., колор, ДЦП

Режија: Себастијан Мајзе (Sebastian Meise)

Сценарио: Томас Рајдер, Себастијан Мајзе (Thomas Reider, Sebastian Meise)

Улоги: Антон фон Луцке, Франц Роговски, Георг Фридрих, Томас Прен (Anton von Lucke, Franz Rogowski, Georg Friedrich, Thomas Prenn)

 

Во Германија по Втората светска војна Ханс често пати завршува во затвор заради злогласниот член 175 од законот, кој машката хомосексуалност ја третира како кривично дело. Откако го преживеал нацистичкиот концентрационен логор за време на војната, во 1945 година Ханс е повторно осуден на затворска казна. Зад решетките го запознава осудениот убиец Виктор. Ханс излегува од затвор, но повторно е санкциониран заради неговата хомосексуалност, и повторно се среќава со Виктор. Почетната нетрпеливост меѓу двајцата мажи прераснува во нешто како љубов…

Споменатиот параграф 175 бил дел од германскиот закон уште од 1872 година, во Германското Царство, бил активен за време на Вајмарската Република, нацистичка Германија и Сојузна Република Германија, а конечно е укинат во 1994 година, пет години по падот на Берлинскиот ѕид. Хомосексуалците биле осудувани на петгодишни казни затвор.

Режисерот Мајзе вели дека ликовите во филмот се измислени, но нивните приказни се базираат на приказните на луѓето кои ги запознал за време на истражувањата што ги направил во Берлин и Виена.

Филмот на Мајзе, кој може да се преведе и како „Многу слобода“ или „Конечна слобода“, освои дваесетина фестивалски награди и 38 номинации. Меѓу останатите, ја доби наградата на жирито во програмата „Извесен поглед“ на Канскиот фестивал 2021, наградата „Срцето на Сараево“ на Сараевскиот филмски фестивал, беше австриски кандидат за „Оскар“ и ја доби наградата на публиката на наградата „Лукс“ што ја доделува Европскиот парламент.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

19 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

26 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:15 ч.

ФАБИЈАН

(Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs)

Игран филм, Германија

2021, 176 мин., колор, ДЦП

Режија: Доминик Граф (Dominik Graf)

Сценарио: Доминик Граф, Ерих Кастнер, Константин Леб (Dominik Graf, Erich Kastner, Constantin Lieb)

Улоги: Том Шилинг, Албрехт Шух, Саскиа Розендал (Tom Schilling, Albrecht Schuch, Saskia Rosendahl)

 

Сторијата на филмот се случува во Берлин на почетокот на 30-тите години од минатиот век. Докторот по германистика Јакоб Фабијан преку ден пишува рекламни текстови, најмногу за цигарите како производ, а ноќе скита по улиците и баровите. Ја среќава актерката Корнелија Батенберг и се вљубува во неа: но, како што таа напредува во кариерата, така плановите на Фабијан полека се распаѓаат…

Милјето на приказната е сместено меѓу подстанарите на Берлин и неговото подземје, каде што борделите се уметнички атељеа, а на улиците се нацистите со нивните гласни и навредливи пароли. Актерката Корнелија мечтае да создаде „психолошко кино“ во градот во кој животот наизглед блика, а општеството ферментира и кородира. Фабијан во тие услови останува трезен и дистанциран од настаните, ја сака Корнелија и чека пристојноста да се врати во нивните животи.

ФАБИЈАН (чиј алтернативен поднаслов е ЗА ПРОПАСТА НА СВЕТОТ) освои петнаесетина номинации и шест награди на германските филмски фестивали. Режисерот Граф и кинематограферот Хано Ленц (Hanno Lentz) победија на доделувањето на филмските награди на Баварија.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

20 ЈУЛИ (СРЕДА), 18:00 ч.

КЛОВНОВИ

(I Clowns / The Clowns)

Игран филм, Италија / Франција / З. Германија

1971, 92 мин., колор, 35 мм

Режија: Федерико Фелини (Federico Fellini)

Сценарио: Федерико Фелини, Бернардино Ѕапони (Federico Fellini, Bernardino Zapponi)

Улоги: Федерико Фелини, Рикардо Били, Тино Скоти, Фанфула, Данте Маџо (Federico Fellini, Riccardo Billi, Tino Scotti, Fanfulla, Dante Maggio)

 

Сопствената животна фасцинација со циркусот и кловновите Фелини ја преточил во филм во кој ги пародира документарните постапки и филмските критичари.

Во првиот дел од филмот Фелини го претставува неговиот автобиографски и носталгичен поглед на маѓепсаноста со циркусот во младоста. Во вториот дел Фелини лично „влегува“ во филмот со филмската екипа и ги интервјуира преостанатите познати кловнови од италијанските циркуси…

КЛОВНОВИ ги освои наградите на италијанската национална филмска награда „David di Donatello“ за продукција и на синдикатот на италијанските филмски критичари, потоа наградата „Pasinetti“ на Венецискиот филмски фестивал за најдобар италијански филм, како и наградата на американските критичари за најдобар странски филм.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

21 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

 

ВСЕЛЕНСКО МОМЧЕ

(SpaceBoy)

Игран филм, Белгија

2021, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Оливие Перу (Olivier Pairoux)

Сценарио: Еузебио Лареа, Оливие Перу (Еusebio Larrea, Olivier Pairoux)

Улоги: Базил Грунбергер, Албан Масон, Јаник Рение (Basile Grunberger, Albane Masson, Yannick Renier)

 

Џим е талентирано 11-годишно момче со љубов кон вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема, чувстивтелно и срамежливо девојче. И покрај нејзината неподготвеност, Џим ја убедува да го имитира проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направи вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од неговиот татко, Греам, астрофизичар кој треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи.

Филмот е добитник на низа награди на фестивали за филмови за млади.

 

 

21 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 20:15 ч.

26 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО

(Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn)

Игран филм, Романија / Чешка / Хрватска / Швајцарија / В. Британија

2021, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Раду Јуде (Radu Jude)

Сценарио: Раду Јуде (Radu Jude)

Улоги: Катја Паскариу, Клаудија Јеремиа, Олимпија Малаи (Katia Pascariu, Claudia Ieremia, Olimpia Mălai)

 

Средношколската професорка по историја Еми снима домашно видео за време на сексуалниот однос со нејзиниот маж. Откако тоа видео ќе заврши на интернет, започнуваат нејзините маки: родителите бараат да биде отстранета од училиштето, но Еми им се спротивставува…

СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО (или БАКСУЗЕН СЕКС ИЛИ ЛУДА ПОРНОГРАФИЈА во алтернативен превод) има неконвенционална филмска форма во која режисерот Јуде со безмилосен хумор се пресметува со лицемерието и предрасудите за улогата на црквата, војската, училиштата и историјата во патријархалните општества на Балканот и Источна Европа. Шокантната сексуална сцена на почетокот на филмот е снимeна со професионални порно актери.

Филмот на Јуде ја освои „Златната мечка“ на 71 Берлинале во 2021 година и забележа уште десетина други фестивалски признанија и номинации.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

 

 

27 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:15 ч.

28 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 20:15 ч.

МЕМОРИЈА

(Memoria)

Игран филм, Колумбија / Тајланд / Франција / Германија

2021, 136 мин., колор, ДЦП

Режија: Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul)

Сценарио: Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul)

Улоги: Тилда Свинтон, Елкин Дијаз, Жан Балибар (Tilda Swinton, Elkin Díaz, Jeanne Balibar)

 

 

Џесика е Шкотланѓанка која живее во Колумбија, се занимава со градинарство и продава цвеќиња. Заминува за Богота да ги посети својата сестра Карен и нејзиниот сопруг Хуан. Карен е во болница со мистериозна респираторна болест. Една ноќ Џесика се буди од силен тресок или јак звук. Не сака да се помири додека не го најде изворот на звукот…

Главната улога во оваа драма-мистерија ја толкува „оскаровката“ Тилда Свинтон. Тајландскиот автор Верасетакул негува посебна филмска естетика и е своевиден миленик на канскиот фестивал:во 2010 ја освои „Златната палма“ во Кан со филмот ЧИЧКО БУНМИ КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПОТСЕТИ НА НЕГОВИТЕ МИНАТИ ЖИВОТИ (Loong Boonmee raleuk chat / Uncle Boonmee Who Can Recall His Past Lives), а во 2021 за МЕМОРИЈА ја доби награда на жирито. МЕМОРИЈА беше победник и на фестивалот во Чикаго 2021, а забележа уште десетина други номинации за фестивалски награди.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

30 ЈУЛИ (САБОТА), 20:15 ч.

ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА

(Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District)

Игран филм, Франција

2021, 105 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Жак Одијар (Jacques Audiard)

Сценарио: Жак Одијар, Никола Ливеки, Леа Мајсиус (Jacques Audiard, Nicolas Livecchi, Lea Mysius)

Улоги: Луси Жанг, Макита Самба, Ноеми Мерлан, Џени Бет, Камиј Леон-Фусјан (Lucie Zhang, Makita Samba, Noemie Merlant, Jehnny Beth, Camille Léon-Fucien)

 

Францускиот режисер Жак Одијар ја внесува својата типична визуелна флуентност во оваа забавна колекција на испреплетени приказни за ликовите што се спојуваат во 13-тиот округ. ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (или„Париз, 13. дистрикт“ / „Лезолимпиад“) е филм за сексапилноста која како лепило го врзува филмот и го обезбедува сврзувачкото ткиво помеѓу неговите различни сцени и неговата група ликови.

Филмот живее во немирниот копнеж пред сексот, непријатниот остаток по сексот, итноста за време на сексот и во него луѓето имаат многу секс. Емили ја запознава Камиј, на која ѝ се допаѓа Нора. Трите девојки се дружат со Амбер: тие се другари, љубовници, а понекогаш и едното и другото.
„Лезолимпиад“ (Les Olympiades) е името на високите станбени блокови во 13-тиот арондисман (кварт) на Париз, каде што главно се случува дејствието, а филмот е снимен во несентиментално црно-бело што никогаш не го прави градот да изгледа убаво. Тој е адаптиран од некои приказни во колекцијата „Убивање и умирање“ од 2015 година на американскиот стрип-уметник Адријан Томин.
Според критичарите, „Лес олимпиадес“ не кажува нешто премногу длабоко за некој од неговите ликови, но режисерот постигнува нешто многу забележливо и забавно во нивното антологизирање. На Канскиот филмски фестивал ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА ја освои наградата за најдобар композитор, Ерван Кастекс-Роне (Erwan Castex a.k.a. Rone, продуцент на електронска музика), а филмот ја доби и националната француска филмска награда „Цезар“ за најдобра оригинална музика. Филмот беше дел од повеќе фестивали: „Чикаго филм фестивал“, „Хамбург филм фестивал“, „Севилја филм фестивал“…

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари